Се полни...

EN err
МK err
Error: Image could not be loaded.

"Му благодариме на Бахус, кој ни дал вино, што ја топли крвта низ нашите вени; Нектарот сам по себе крепи божествени цени. Тој што ниту капка не лие, и сепак носи божја милост меѓу луѓето - ние, би бил ангел ако пие." - Пјер Мотин

Kои сме.

Далвина е просперитетна винарија со колективен склад и капацитет на продукција од 42,000 хл. Користиме традиционален 'деластаж' процес при изработката на црвените вина. Автоматизираното прелевање, понирањето на ферментационата капа, ја подобрува бојата и го овозможува изнесувањето на аромите. Нашата цел е да ги извлечеме и опфатиме единствените особености на грозјето, почвата и микроклиматските карактеристики на областа во виното.

Светот што го сакаме.

И каде се наоѓаме.

Нашите вински полиња и винаријата се лоцирани во близина на градот Струмица, југоисточна Македонија, во Струмичко-Радовишкиот вински регион. Ова е познатата Струмичка котлина и долината на реките Струма и Струмешница, во која преовладува Медитеранска клима. На надморска височина од околу 380м, опкружени со високите планини Огражден и Беласица, во лозовите насади е забележливо лесно ветре преку целата година. Просечната температура во периодот на вегетација изнесува 22 Целзиусови степени. Со 210 сончеви денови, малку дождови и ниска релативна влажност на воздухот – здравите гроздови се основна карактеристика на регионот.

Сајтот константно се надградува. Благодариме за вашето разбирање.
Error.

Следете не на Facebook

error

© Далвина Винарија, с. Хамзали, 2431 Босилово, Македонија

Контакт:

Продажен оддел:

sales@dalvina.com.mk

contact@dalvina.com.mk

Lокација:

Франклин Рузвелт 22

1000 Скопје, Македонија